Цените на сите производи од www.optikakocovski.mk се во денари и вклучен ДДВ.  Секој купувач најпрвин мора да се регистрира за да може да биде остварена нарачката. По завршувањето на нарачката ќе биде испратен e-mail на наведената адреса од страна на купувачот, за потврда на нарачката.

Доставата е бесплатна за сума на нарачката поголема од 1000 ден. Во спротивно се наплаќа 100 ден. за испорака на територија на Република Македонија,дополнително по желба на корисникот може да одлучи сам да ја плати доставата при испорака.

Купувањето може да се оствари со следните платежни картички: Visa; Visa Electron; Mastercard; Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката) а наплатата се извршува преку нашиот партнер Стопанска Банка АД Скопје и провајдерот на услуги Cpay. www.optikakocovski.mk Ви овозможува и купување со наплата при достава но треба да се напомене дека најчесто во тој случај доставата е поспора и  купувачот треба да ја потврди нарачката откако ќе биде исконтактиран телефонски.

Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Сите производи се испорачуваат во определениот рок и услови кои ги одбрал купувачот при правењето нарачка. Секој купувач е должен при испорака на производот да го провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува.
Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш за брзо да се исправи направената грешка.

Во случај купувачот да сака да го врати производот не по наша вина или вина на доставувачот и сака да му се врати сумата на производот, тогаш од крајниот износ на производот двојно ќе биде одбиен трошокот за достава кој варира согласно со тежината на производот. 
Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи.

×

Cart